Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Унаи Емери наводно се наоѓа на чекор од отказ во Арсенал.
Шпанскиот стручњак за Топџиите постигна многу слаби резултати, а тоа, според тврдењата на некои угледни англиски медиуми го доведе на чекор до отказ.
Раководството на Арсенал наводно е многу блиску до одлука да му врачи отказ на Емери. Се можеше да заврши многу брзо, а привремено неговата улога требаше да ја превземе Фреди Љунберг.
Неколку имиња се поврзуваат со превземање на Арсенал, а за сега главен фаворит е актуелниот менаџер на Волверхамптон – Нуно Еспирито Санто.
Додека англиските медиуми пишуваат дека тој е блиску до отказ, Емери тврди дека има поддршка.
„Клубот ме поддржува, апсолутно сите во него. Тоа најмногу го почитувам“, изјави Емери.
Останува да видеме што ќе се случи во наредните денови.