Седум клубови го посакуваат, но фаворит за неговото доведување е Баерн


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наредното лето еден од најбараните играчи можно е да биде Каи Хавертц кој моментално игра за Баер Леверкузен.

За него се заинтересирани дури седум клубови, а понуда изминатото лето испрати и Баерн и тоа од 90 милиони евра, но беа одбиени.

Наводно, Хавертц сака да премине во Барселона, но проблем претставува цената бидејќи Леверкузен за него бара 130 милиони евра.

Освен Барселона, за него се заинтересирани и Ливерпул, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн.

Најблиску до потпис сеуште е Баерн, а Каи Хаверц можно е да биде поклон од Управата до новиот тренер на клубот.