Приоритет на парижаните во јануари ќе биде фудбалер на Јувентус


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека ПСЖ во јануари ќе се обидат да се договорат за Јувентус за трансфер на десниот бек, Матија де Шиљо.

Поранешниот фудбалер на Милан има проблеми со повреди и не успеа да се наметне кај новиот тренер Маурицио Сари, па тоа сакаат да го искористат парижаните.

Парижаните би можеле да останат без Томас Мение, за кој меѓу останатите екипи беше заинтересиран и Јувентус.

Од друга страна, Де Шиљо со договорот за Јувентус е поврзан до 2022 година, па ќе видиме колку е подготвена управата на „Старата дама“ да го пушти во ПСЖ и колку пари ќе му побараат на францускиот шампион.