Познат италијански новинар: Милан ќе донесе напаѓач без оглед на тоа дали ќе дојде Ибрахимовиќ

Познатиот италијански новинар Пепе Ди Стефано пренесува дека Милан со сигурност ќе донесе напаѓач без оглед на фактот дали Ибрахимовиќ ќе пристигне во клубот овој јануари.

Милан е најблиску до Ибра меѓутоа клубот од „Сан Сиро“ планира да донесе уште еден напаѓач и да се ослободи од Криштоф Пјонтек.

„Ибра или не, Милан ќе донесе напаѓач во јануари. Верувам дека Пјонтек ќе си замине во јануари. Следните четири натпревари ќе бидат одлучувачки и ќе се знае дали тој ќе остане во Милан“ –изјави Ди Стефано.