Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го презема првото место во шпанската Ла Лига, откако славеше со 2-1 против Алавес во 14. меч за нив сезонава во првенството.
„Кралевите“ не успеаа да ја пробијат одбраната на Алавес во првите 45 минути, па на полувреме заминаа со 0-0. Сепак, на стартот на второто полувреме Серхио Рамос стрелаше за 1-0 во 52. минута.
Алавес се врати во игра во 65. минута со погодокот на Перез, а четири минути подоцна Дани Карвахал му донесе три бода на шпанскиот гигант.
Реал на табелата има 31 бод, односно три повеќе од Барселона, која има одиграно еден меч помалку, а третопласирана е Севилја со 27 бодови.