Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот Лукаш Храдески имаше неверојатен меч против Баерн Минхен, па благодарение на неговите интервенции Баер Леверкузен славеше со 2-1.
„Фармацевтите“ успеаа да слават, а Храдецки беше херој на Леверкузен. Интересно е тоа што по мечот кажа дека имал проблеми со контактната леќа и повеќе од половина меч бранел со едно око.
„Ја загубив леќата во текот на првото полувреме и не можев да гледам со тоа око. Мило ми е што заврши мечот“, порача Храдецки.
Леверкузен по вчерашниот триумф се искачи на седмата позиција во германската Бундеслига и има 22 бодови, додека Баерн Минхен е четврти со два бодови повеќе.