Јуве – Првите два состави да се замрзнеш од страв, дали можат до трофејот во ЛШ?

Долгата клупа често беше основ за екипата да се бори за голем број на трофеи. Може ли Јувентус до тројната круна?

Првата и втората постава на Јувентус во оваа сезона е навистина многу силна.

Многумина коментираат дека и со втората постава без поголеми проблеми ќе успеат да ја освојат Серија А.

Одработија солидна работа во преодниот рок, дојдоа до засилувања во позиција стопер, десен бек, централен играч за врска и напаѓач, а од првотимците заминаа Погба и Мората.

Многумина сметаат дека  со Пјаниќ и Игуаин се уште посилни, а да не заборавиме дека како опции на клупата ќе имаат и Квадрадо, Бенатија, Пјаца…

Многумина го очекуваа и Аксел Витсел во последниот ден од преодниот рок, но тој трансфер не се случи.

Првиот и вториот тим изгледаат навистина фантастично, доволно е да ги погледнеме двете постави, се ќе ви биде јасо.

Која постава ќе победи овој дуел?