Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку англиската Премиерлига заврши во овој момент, тогаш во Чемпионшип-лигата догодина ќе игра Евртон, кој е очаен сезонава и има освоено само 14 бодови од 15 натпревари.
Евертон во последните 10 години на засилувања потроши околу 700 милиони евра, но не направи никаков исчекор во англискиот шампионат.
Само минатото лето купија фудбалери во вредност од 120 милиони евра, а како големо промашување се смета ангажирањето на Мојсе Кин, кој беше платен 27,5 милиони евра, а нема постигнато ниту гол.
„Карамелите“ пред шест години се пласираа во Лига Европа, каде што стигнаа до осминафиналето и го освоија шестото место во Премиерлигата.
Тотенхем во истиот период вложи двојно помалку пари, изгради нов стадион, влезе во топ-6, а минатата година играше и финале во Лигата на шампони.
Ни ангажирањето на Стив Волш, креаторот на шампионската генерација на Лестер сити не помогна. Беа потрошени 180 милиони евра на Рамирез, Класен, Тосун и Волкот.
По заминувањето на Роберто Мартинез и на клупата почнаа промашувањата. Ни Роналдо Куман, ни Марко Силва не успеаа да го кренат клубот.