Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал синоќа доживеа нов пораз, па загуби неочекувано од Брајтон и тоа на домашен терен, па така продолжи катастрофалната серија на „топчиите“.
Ниту отказот за Унај Емери не им помогна да ги подобар резултатите, а ниту Фреди Љунберг не одговори на предизвикот како што треба.
Во еден момент Пјер-Емерик Обамејанг истрча од теренот, затоа што мораше да оди во тоалет и тоа при примениот гол за 1-2.
„Всушност не знам зошто, но знам дека Обамејанг побегна и се врати три минути подоцна. Можеби требаше да го прашаме за тоа, но доколку се чувствувате лошо, не може ништо да се промени“, порача Љунберг.
Потегот на Обамејанг ги разочара навивачите, кои сметаат дека тоа е слика на моменталната ситуација во клубот.