Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ќе се обиде да слави во „Ел Класико“ против вечниот ривал Барселона, а големиот спектакл ќе се одржи на 18 декември 2019 година.
Сите погледи се насочени кон Лионел Меси, кој нема да игра против Интер, зашто тренерот Ернесто Валверде реши да го одмори пред мечот против Реал Мадрид.
„Зидан не сака никакви изненадувања, тој верува дека ако запре, односно го забави Меси, половина работа ќе биде завршена, зашто Барселона според мислењето на тренерот на Реал многу очекува од Аргентинецот“, пишуваат шпанските медиуми.
Зидан ќе користи „фластер“ против Меси и тоа со Валверде, кој ќе треба да го „копира“ Ковачиќ од пред неколку години.