Елмас и дружината плачеле во соблекувалната по отказот на Анчелоти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи со победата против Генк од 4-0 избори пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, меѓутоа атмосферата во соблекувалната по средбата била тажна.

Без оглед на триумфот, претседателот Аурелио де Лаурентис реши да му даде отказ на Карло Анчелоти, а за тоа беа свесни фудбалерите кои имаат вина поради таквиот епилог.

По бунтот и непослушноста на фудбалерите на наредбите на Де Лаурентис, во екипата во претходниот период владееше напната атмосфера, а тоа го покажуваат и лошите резултати.

Кога дознаа дека Анчелоти добил отказ, многумина почнале да плачат во соблекувалната по мечот и пред туширањето, барем така тврдат италијанските медиуми.

По отказот некои фудбалери како Кулибали и Зиелински јавно го поддржаа Анчелоти, меѓутоа за било какви промени е доцна затоа што Џенаро Гатузо е подготвен да седне на кормилото на тимот.