Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е загрижен поради политичката ситуација во Барселона пред претстојното „Ел Класико“, кое се игра во среда од 20 часот.
„Кралевите“ ќе гостуваат на „Камп Ноу“ во одложениот меч од 10.коло, а пред средбата зборуваше францускиот тренер Зидан.
„Играме добро во последниот период, на сите нивоа и емотивно и физички. Правила си се правила. Беше решено да одиме на мечот и тоа ќе го направиме. Најважно е да го одиграме дуелот. Мора да размислуваме за мечот, а на останатото не може да влијаеме“, порача Зидан.
Двата европски гиганти одиграа реми во претходното коло, па го делат првото место со по 35 бодови.