Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан се наоѓа во лоша ситуација кога станува збор за финансиите, а еден од начините да се реши тој проблем е продажба на неколку фудбалери.
Според „Газета дело Спорт“, Милан размислува да продаде тројца фудбалери. Прв на листата за отстрел е Рикардо Родригез. Швајцарецот не може да се избори за место во првиот тим покрај Тео Ернандез, но и понатаму има висока пазарна вредност.
Втор на лисатата за продажба е Франк Кеси, кој не игра како што се очекува од него и како што играше под водство на Џенаро Гатузо, па „росонерите“ сакаат да го искористат интересот на Италијанецот и да го продадат Кеси во Наполи.
На крајот, Милан би можел да го продаде и Сусо, кој игра стандардно од почетокот на сезоната, но не воодушеви со своите игри.