Посилен од повредата: Дончиќ покажа дека не може без кошарка (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ неодамна доживеа повреда на скочниот зглоб поради која ќе мора да пропушти неколку натпревари на неговата екипа.

Меѓутоа, иако станува збор за незгодна повреда, која бара кошаркарот да мирува, сепак Лука покажа дека не може без кошарка.

Може да се забележи дека Дончиќ внимава на повредениот зглоб, но веќе почна да тренира со останатите кошаркари и тоа е добра вест за навивачите на Далас маверикс.

Дончиќ сезонава е навистина неверојатен, па тој е еден од најдобрите играчи во лигата и во просек постигнува по 29,3 поени, 9,6 скокови и 8,9 асистенции по натпревар за Далас.