Официјално: Ливерпул го ангажираше првото засилување! (ФОТО)

Како што се најавуваше во претходните денови, Такуми Минамино од јануари ќе биде нов фудбалер на Ливерпул.

Јапонецот на „Енфилд“ пристигнува до Салцбург, за кој играше во претходните пет години, а во Австрија стигна од Серезо Осака.

Минамино настапи двапати против Ливерпул во Лигата на шампиони, а беше и стрелец на „Енфилд“, со што го воодушеви Јирген Клоп, кој вели дека е презадоволен поради неговото ангажирање.

Јапонскиот фудбалер денеска имаше медицински прегледи и потпиша договор со Ливерпул, а познато е дека „црвените“ за неговите услуги платиле околу осум милиони евра.

Овој 24-годишен Јапонец во новиот клуб ќе го носи дресот со број 18 и се надева дека ќе биде важен дел од тимот на европскиот шампион.