Реал Мадрид подготвува богата понуда за ѕвезда од Серија А


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот Зинедин Зидан сакаше да го ангажира Пол Погба во Реал Мадрид, но такво нешто нема да се случи според шпанските медиуми.

Претседателот Флорентино Перез не го сака Погба и му дава предност на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, кој и сезонава игра многу добро.

„Кралевите“ се заинтересирани за неговите услуги, па се подготвени да платат 110 милиони евра за неговите услуги.

Планот да се ангажира Погба пропадна затоа што Манчестер јунајтед не сака да го продаде Французинот, а Зидан мора да бара други опции и изборот падна токму на Милинковиќ-Савиќ.

Доколку пристигне понуда од 110 милиони евра во Рим, Лацио сигурно не би имал ништо против да го продаде својот фудбалер.