Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Еден од најдобрите тренери, Карло Анчелоти неодамна доби нов ангажман, односно стана тренер на Евертон, кој ќе се обиде да го врати во горниот дел на табелата во Премиерлигата и да обезбеди пласман во Европа.
Во претходниот период на „Гудисон парк“, Анчелоти не сакал да се враќа на стадионот, каде што добил отказ од управата на Челси, а тоа го откри за медиумите.
„Челси ме отпушти на овој стадион, во ходникот. Можеби треба да се стави некоја мала плоча со натпис – Овде е отпуштен Карло“, се пошегува Анчелоти.
Италијанецот е свесен дека од него се очекува многу на „Гудисон парк“, па со средствата кои ќе му бидат обезбедени, тој верува дека ќе го врати клубот каде што му е место.