Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наградниот фонд на претстојниот Австралијан опен, т.е. првиот гренслем-турнир во сезоната ќе изнесува рекордни 71 милион долари.
Организаторите потврдија дека износот е за 13,6% поголем од минатата година, но речиси трипати повеќе во однос на турнирот на истото место пред точно една деценија.
Шампионот на Австралијан опен, чиј трофеј го брани српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе заработи дури 4,12 милиони долари, што е навистина огромна сума.
Австралијан опен ќе се одржи од 20 јануари до втори февруари следната година.