Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед беше доста уверлив на Боксин деј. Црвените ѓаволи први примија гол против Њукасл, но до крајот забија четири гола за висок триумф.
Оле Гунар Солскјер беше приморан на полувреме да прави измена. Поради повреда од игра излезе Скот Мектоминај, а влезе Пол Погба.
Иако во прв момент се мислеше дека Мектоминај е повлечен поради претпазливост повредата е од посериозна природа со оглед дека младиот играч за врска го напушти Олд Трафорд на штаки.
Веднаш по завршувањето на мечот на социјалните мрежи почна да се врти една слика на која фудбалер на Манчестер Јунајтед на паркинг оди со помош на штаки чекајќи го својот превоз.
Солскјер после натпреварот кажа дека Мектоминај ги повреди лигаментите на коленото. Норвежанецот не кажа колку ќе трае отсуството, но првите прогнози се најмалку неколку седмици.
Среќа во несреќа е враќањето на Пол Погба кој неодамна се врати во првиот тим и се очекува да биде стартер во дуелите против Барнли и Арсенал.