ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, е позната како скромен човек и често прави хуманитарни гестови, а тоа е многу тешко во време кога сите се опседнати со гламур и скапоцени материјални работи.
Мане се однесува како „обичен“ човек, а можеби и подобро од тоа, а најдобро покажува неговиот мобилен телефон, кој го снимија камерите.
И покрај големата заработка, Сенегалецот носи скршен мобилен телефон, кој не е ниту од најскапите, ниту од најдобрите уреди.
Тешко дека некој ќе остане имун на сите тие скапоцени работи, со кои сме опкружени, но очигледно Мане среќата ја гледа во некои други работи.