Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес лејкерс го победија Далас маверикс во дербито на денот во НБА-лигата со 108-95, но еден навивач го украде шоуто на суперѕвездите Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Лука Дончиќ.
Всушност, тоа не беше обичен навивач, туку станува збор за легендарниот Коби Брајант, кој во текот на третата четвртина решил да зборува на словенечки јазик и тоа го заинтересира Дончиќ, кој погледна во првиот ред од публиката и остана зачуден.
„Зборуваше на словенечки и се свртев во стилот: Кој зборува на мој јазик, а потоа го видов Коби и останав изненаден“, откри Дончиќ.
Kobe Bryant x Luka Doncic.
— Lakers Nation (@LakersNation) December 30, 2019
Video credit: @ESPN. pic.twitter.com/uHlTCY1qnw