Реал Мадрид го реализира проектот: На подмладување на тимот потроши – 320 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиумите објавија синоќа дека младиот бразилски фудбалер Реиние Жесус во следните денови ќе потпише за Реал Мадрид.

„Кралевите“ и овој преоден рок решија да донесат засилување од Бразил, а овој пат падна на фудбалерот од Фламенго, кој официјално се очекува да биде претставен на 19 јануари.

Жесус најпрво треба да игра за вториот тим на Реал, а потоа во првата екипа ќе добие шанса следната сезона, па така „кралевите“ ќе го помладат својот тим во кој вложија околу 320 милиони евра.

Пред него во клубот пристигнаа Фед Валверде, Кубо, Одегард, Регилон, Валехо, Себалјос, Лунин, Брахим Диаз, Винисиус, Родриго и Лука Јовиќ.

Исто така, се очекува и на лето шпанскиот гигант да донесе некој поискусен фудбалер, кој ќе биде лидер на младиот тим.