Операцијата е успешна, Мурињо ќе биде долго без играчот за врска

Фудбалерот на Тотенхем Муса Сисоко по операцијата на коленото ќе отсуствува најмалку до април од зелениот тепих.

Сисоко ги повреди лигаментите на десното колено на натпреварот со Саутемптон (0:1), на 1. јануари во Премиер лигата.

Тотенхем дененеска соопшти дека францускиот фудбалер под надзор на клубот ќе работи на рехабилитација и дека неговото враќање на теренот се очекува да биде на почетокот на април.

Сисоко одигра 20 од 21 натпревар за Тотенхем во Премиер лигата оваа сезона и постигна два гола.

Минатата недела се повреди и напаѓачот Хари Кејн, кој ја скина тетивата, а клубот не наведе кога Кејн ќе се врати на терените.