Лука Дончиќ ги изненади Американците со потег по поразот

Лука Дончиќ ги изненади америчките новинари со потегот по домашниот пораз од Денвер Нагетс.

Далас изгубија веќе добиен меч, Лука остана без поени во последната четвртина, а тоа го чинеше пораз кој го исфрустрирал.

Затоа америчките новинари останаа без изјава по натпреварот. Словенецот не сакал ништо да каже и за поразот се обвинил сам себе. Тој потег ги изненадил новинарите.

Ова му е втор пат оваа сезона да направи вакво нешто по пораз и очигледно е дека губењето натпревари му паѓа многу тешко.

Дончиќ мечот го завршил со 27 поени, 10 асистенции и девет скокови, но тоа на Мавси не им беше доволно да дојдат до триумф.