Му го зеде местото на Де Лихт, одигра одлично неколку средби и сега доживеа тешка повреда: Заврши сезоната за фудбалерот на Јувентус


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Многумина останаа изненадени кога Мерих Демирал во летниот преоден рок стана нов фудбалер на Јувентус.

Турскиот репрезентативец на почетокот не добиваше шанса од Маурисио Сари, но во последниот месец редовно играше во тимот и прикажуваше одлични партии со што го истисна од првите 11 скапото засилување, Матис Де Лихт.

Демирал одигра одлично против Рома, постигна и гол, но за жал заработи тешка повреда на лигаментите во коленото. Сега е сигурно дека тој ќе го пропушти останатиот дел од  сезоната.