Билд: Во Баерн веќе е соопштена тажната одлука за Перишиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ го напушти Интер и продолжи во Баерн на позајмица.

Многумина беа изненадени што Баварците решија да го ангажираат Перишиќ, кој беше отпишан од Антонио Конте во Интер. Но, Баерн го донесе Хрватот на позајмица до крајот на сезоната и се чини дека тој нема да остане на овој тим подолго.

Почитуваниот Билд денес објави дека челниците на Баерн веќе решиле да не го откупат договорот на Перишиќ од Интер, и дека тој ќе се врати во Меаца на крајот од оваа сезона.

Тие веќе ја објавија својата одлука за Перишиќ, а хрватскиот репрезентативец сигурно ќе стори сé за да одигра подобро до крајот на сезоната за да може да се најде нов клуб полесно во текот на летото бидејќи Интер сигурно ќе го стави на трансфер-листата.

Доаѓањето на Перишиќ на заем го чинеше Баерн пет милиони евра, а доколку по некое чудо ќе можат да го купат неговиот договор од Интер за уште 20 милиони евра.