Ешли Јанг со емотивна порака се прости од Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ешли Јанг по долги девет години го напушти „Олд Трафорд“ и реализираше изненадувачки трансфер во Интер.

Искусниот бек кој може добро да покрие и на крилните позиции потпиша шестмесечен договро со тимот на Интер.

Ешли Јанг ги искористи социјалните мрежи со емотивна порака да се прости од сите во Манчестер Јунајтед.

„До Манчестер Јунајтед: Ми дадовте шанса да играм со легенди, да освојувам трофеи, да работам со најдобриот тренер во историјата и да бидам ваш капитен. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од вашата приказна осум и пол години“ –напиша Јанг, а потоа испрати уште една порака која ја упати до навивачите.

„До фановите на Манчестер Јунајтед: Секогаш кога ќе стапнев на теренот носејќи го вашиот дрес го давав максимумот. Ви благодарам за поддршката за време на успесите но и падовите. Заминувам како еден од вас, се гледаме повторно на трибина“ –напиша Јанг.