Навивачите на нозе: Што правеше Покетино на „Сантијаго Бернабеу“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид победи против Севилја на домашен терен во Ла Лига со 2-1, па изби на лидерската позиција на табелата, а на трибините можеше да се забележи поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино, кој претходно се поврзуваше и со клупата на „кралевите“.

Покетино уживаше во големото шпанско дерби, па тој најверојатно дојде поради фудбалските возбудувања, а не поради преговори со управата на клубот како што се надеваа навивачите.

Аргентинецот ќе чека до лето за нова работа и се поврзува со многу екипи, меѓу кои е  Реал Мадрид, но тешко дека ќе добие Зинедин Зидан отказ, посебно поради подобрите резултати во последно време.

„Ова е голема победа за Реал Мадрид, Касемиро беше фантастичен“, кажа Покетино по мечот.