Познати сите учесници на овогодишниот Супер Бол


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа Сан Франциско на домашен терен славеа против Грин Беј Пакерси во конференциското финале со 37:20.

Сан Франциско и Канзас Сити ќе ги одмерат силите во големото финале, односно овогодишниот Супер Бол, по победите кои ги остварија во конференциските финалиња во ноќта меѓу недела и понеделник.

Играчите на Сан Франциско изборија второ учество во најгледаниот спортски настан на американско тло по победата доцна синоќа против Грин Беј Пакерси со уверливи 37:20 во финалето на Националната фудбалска конференција.

Една ноќ порано Канзас Сити на домашен терен ги совлада Тенеси Титанс со 35:24 во финалето на Америчката фудбалска конференција и по точно пола век се пласираше во големото финале.

Ова ќе биде 54. издание на Супер Бол кое ќе биде одиграно во Мајами на 2. фебруари на стадионот Хард Рок, а на полувремето ќе присутни ќе бидат ѕвездите како Шакира и Џенифер Лопез кои ќе ја забавуваат публиката, додека химната ќе ја изведува Деми Ловато.