Сити стигна до тешка победа против Шефилд, Евертон испушти сигурна предност против Њукасл

Екипата на Манчестер Сити се врати на победничките патеки откако славеше на „Брамал Лејн“ против незгодниот Шефилд Јунајтед со 1:0.

„Граѓаните“ се мачеа да го скршат отпорот на противникот, а тоа им успеа дури во 73. минута кога Серхио Агуеро ја искористи асистенцијата на Де Брајн. Манчестер Сити со оваа победа се врати на победите и се зацврсти на втората позиција на табелата, се уште многу далеку од лидерот Ливерпул.

Евертон во финишот од натпреварот испушти предност од 2:0 против Њукасл и на крајот морашеда се задоволи само со бод. „Карамелите“ имаа водство од 2:0 со головите на Моизе Кен и Калверт Луин, но играчот на Њукасл, Лежен со два гола во 94. и 95. минута донесе голем бод за Њукасл.

Резултати:

Астон Вила- Вотфорд 2:1

Борнмут- Брајтон 3:1

Кристал Палас- Саутемтпон 0:2