Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен потврди дека го позајмил 24-годишниот десен бек Алваро Одриозола од Реал Мадрид до крајот на сезоната.
Одриозола не добиваше многу шанса во „кралскиот клуб“, па поради тоа реши да си ја побара среќата на друго место, а очигледно Баварците му подадоа рака во вистински момент.
„По преговорите со остатокот од раководството решивме да ја исполниме желбата на тренерот Ханс Флик и да ја засилиме дефанзивата. Ззаедно решивме да го позајмиме Алваро Одриозола“, кажа првиот човек на клубот, Карл-Хајнц Румениге.
Одриозола е дете на Реал Сосиедад, а во Реал Мадрид пристигна во 2018 година, каде што сезонава не добива шанса кај тренерот Зинедин Зидан.