Не е шега: Манчестер Јунајтед го посакува Карлос Тевез !


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да го врати аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез.

Како што тврди Тутоспорт, Оле Гунар Солскјер е спремен до крајот на сезоната да го позајми 35-годишниот ветеран и тоа како замена за повредениот Маркус Рашфорд.

Тевез моментално е член на Бока Јуниорс. Договорот му истекува во јуним па Бока е спремна да го позајми до крајот на договорот, бидејќи на него не сметаат сериозно во овој клуб.

Така Аргентинецот би можел да се врати во старото јато каде играше од 2007. до 2009. година. Во тој период постигна 34 гола за Црвените ѓаволи, а освои два трофеи во Премиер лигата и Лига на шампионите.

Меѓутоа, потоа премина во Манчестер Сити и на тој начин го издаде клубот од Олд Трафорд.