Црвена Звезда се засилува со поранешен капитен на Милан


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Српските медиуми пишуваат дека Црвена Звезда работи сериозно на ангажирање на засилувања во јануарскиот преоден рок, па едно од нив би можело да пристигне од Италија, а поточно станува збор за поранешниот капитен на Милан, Игнацио Абате.

Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, наводно конечно разговарал со свои пријатели од Италија, па така сакал да го договори Абате, кој ќе биде квалитетно засилување за неговата екипа со оглед на тоа дека имаат проблеми на бековските позиции.

Абате од минатото лето е без клуб откако го напушти Милан, па имаше шпекулации дека може да се пресели во МЛС-лигата или Лече, но искусниот фудбалер сигурно ќе добие примамлива понуда од Србија.