Тотенхем го потврди перманентниот трансфер на аргентинскиот фудбалер


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем го потврдија ангажманот на Џовани Ло Селсо кој досега настапуваше во клубот како позајмен фудбалер.

Аргентинецот потпиша перманентен договор со Тотенхем кој на Реал Бетис ќе му плати сума од 27 милиони фунти.

Доколку клуботод Лондон чекаше до следното лето за потврда на перманентниот трансфер на Ло Селсо ќе требаше да плати 34 милиони фунти.

Аргентинецот се пресели во Тотенхем во последниот ден од преодниот рок во месец август.