Евертон добил понуда од 100 милиони евра од Барселона за Ричарлисон, донесена конена одлука...

Англиските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда од неверојатни 100 милиони евра за услугите на Ричарлисон од редовите на Евертон.

„Карамелите“ веднаш донеле одлука и ја одбиле богатата понуда на шпанскиот клуб кој е во потрага по напаѓач по повредата на Луис Суарез.

Вчера пропаднаа преговорите и за напаѓачот на Валенсија, Родриго, но до крајот на преодниот рок се очекува „каталонците“ да купат нов напаѓач.