Смртта на Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана во неделата го потресе спортскиот свет.
Легендарниот кошаркар во НБА, заедно со осум други луѓе, меѓу кои и неговата ќерка, беше загинат во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, а оваа трагедија е една од најголемите во историјата на спортот.
Зад Брајант, остануваат сопругата и уште три ќерки , а Ванеса Брајант денеска јавно зборуваше за прв пат за трагедијата што го погоди нејзиното семејство.
Таа на Инстаграм објави срцепарателна порака во која им се заблагодари на сите за нивната поддршка.
“Нема зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме. Задоволство ми е што знам дека Коби и Џиџи знаеја колку ги сакаме. Благословени сме што беа дел од нашите животи. Посакувам да останеа со нас засекогаш. Тие беа нашиот прекрасен благослов. кој замина прерано “, продолжува пораката:
“Не сум сигурна како ќе продолжи нашиот живот по ова, невозможно е да се замисли живот без нив. Но, секој ден, ќе се разбудиме и ќе се движиме напред, бидејќи Коби и нашето мало девојче ќе го осветлуваат нашиот пат. Нашата љубов кон нив е бескрајна, неизмерна. Би сакала да бев во можност да ги гушнам, да ги бакнувам и да ги благословам и тие да би можеле да останат со нас засекогаш “, рече Ванеса Брајант во изјавата.
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, објави список од 20 играчки за меѓународниот турнир „Трофеј Македонија 2026“. Според Нова Македонија, турнирот...
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, се вклучи во дебатата за Златната топка по победата 7-0 против Унион Берлин. Според Bulinews и Goal.com,...
ПРЕГЛЕД: Севиља - Барселона | Ла Лига, денеска во 21:00 по средноевропско време на Рамон Санчес-Писхуан.
Барселона го затвора дел од сезоната пред репрезентативната пауза...
Столе Димитриевски наскоро би можел да добие нов тренер во Валенсија. Шпанските и меѓународните медиуми ја пренесуваат веста дека искусниот мексикански стратег Хавиер Агире...
Брајтон вечерва го пречекува Арсенал на Амекс Стадиум во рамките на програмата од Премиер лигата во сабота, 19 септември. Почетокот е во 16:00 часот...