Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер Мајами се подготвува за дебитантската сезона во МЛС-лигата, а сопственикот на клубот Дејвид Бекам има големи планови за иднината.
Бекам вложи големи напори за да настапува Интер во МЛС, па гради екипа од која има големи очекувања.
Англичанецот има план во иднина да донесе неколку големи ѕвезди од Европа за да ја засили екипата, а француските медиуми пишуваат дека една од неговите главни желби во следните години ќе биде Антоан Гризман.
Гризман не крие дека би сакал еден ден да игра во Америка, а тешко би одбил повик од Бекам. Наводно, веќе двете страни имале преговори додека Французинот играл за Атлетико Мадрид, па кажал дека би сакал еден ден да заигра во МЛС.