Елмас постигна деби гол во дресот на Наполи и се расплака(Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас го постигна својот прв официјален гол во дресот на Наполи.

Младиот фудбалер погоди за водство од 2:0 за неговиот тим на натпреварот против Сампдорија кој се уште е во својата рана фаза. Елмас доста емотивно го прослави овој погодок кој е прв во неговата кариера како играч на Наполи.