Ериксен ја отвори душата: Во Тотенхем бев како црна овца!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијан Ериксен минатиот месец го напушти Тотенхем и се пресели во Интер, иако беше еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата, но не сакаше да го продолжи договорот со лондонскиот тим.

Многу клубови го посакуваа Ериксен, но на крајот Интер го доби неговиот потпис, а Данецот сега зборуваше за тоа како се чувствувал во претходниот клуб.

„Ми олесна што заврши драмата. Во минатиот период ми беше тешко. Дури и кога ќ сретнев луѓе на улица често ми се заблагодаруваа и ми посакаа среќа. Беше чудно, но дојде време да свртам нов лист. Често не бев поврзан со обвинувањата, бев црна овца и постојано читав дека јас сум виновен поради лошата атмосфера во клубот“, открива Ериксен.