Мајами доби големо засилување, 76ерси направија размена со Вориорс

Мајами Хит доби големо засилување пред продолжението од НБА сезоната.

Во размена со Мемфис Гризлис Мајами хит го доби трикратниот шампион во НБА, Андре Игуодала.

Во овој трејд Гризлис го доби Џастис Винслоу.

Исто така, трампа направија Голден Стејт Вориорс и Филаделфија 76ерс.

Алек Буркс и Глен Робинсон III ја засилија Филаделфија, додека Вориос освои три пика во втората рунда од следниот драфт.