Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Поранешниот стандарден француски репрезентативец и член на Барселона во сезоната 1997/98, Криштоф Дугари упати жестоки зборови кон неговиот клуб.
Дугари без влакна на јазикот зборуваше за состојбата во Барселона која ескалираше по поразот од Атлетик Билбао во Купот на кралот.
„Тоа е клуб на кловнови, се работат наопаку. Ги купуваат Кутињо, Дембеле, ги купуваат тие играчи, па ги продаваат. Се стекнува впечаток дека клубот нема визија. Во секој преоден рок има некој проблем,многу лоши трансфери се правени по заминувањето на Чави и Иниеста, а потрошија многу пари. Над се, тие имаат многу лош имиџ, тука има премногу луѓе кои немаат манири и стил за клуб од таа големина. Барселона сега всушност е без стил“ –изјави 47 годишниот Дугари.