Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прославениот германски фудбалер Јирген Клинсман ја презема Херта во ноември 2019 година, но по помалку од три месеци реши да си поднесе оставка од тренерската позиција.
Клинсман издржа речиси 11 недели на кормилото на Херта, но не успеа да го крене клубот на табелата.
„По долго размислување решив да си поднесам оставка. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. За мене ова беше возбудлива работа, а Херта ќе ми остане во срцето“, порача Клинсман.
Клинсман порача дека за работата му била потребна доверба кај сите луѓе во клубот, но токму тоа недостигало и решил да си замине.