Сари за притисокот во Јувентус: Ако не сакав предизвици, ќе работев во – пошта!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Јувентус не игра како што се очекува од нив сезонава, а најмногу критики добива тренерот Маурицио Сари, па многумина сакаат да добие и отказ.

Меѓутоа, такво нешто најверојатно нема да се случи, а и Сари вели дека шпекулациите се нормална работа и барањата на навивачите не му пречат.

„Да барав работа без стрeс и притисок, ќе работев во пошта. Ова е работа. Во Јувентус притисокот е нормална работа“, кажа Сари.

И покрај слабите резултати поранешниот тренер на Наполи и Челси смета дека „Старата дама“ е во игра за сите трофеи.

„На пат сме да ги оствариме сите цели кои ги имавме на почетокот на сезоната. Секако, се случуваат грешки во некои натпревари и тие имаат ефект на резултатот“, вели тренерот на Јуве.