Врие во Вардар, по Криштопанс заминаa Атман и Гедбан, има понуди и за Скубе, Толедо…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар влезе во сериозна криза па денеска клубот го напуштија Даинис Криштопанс и Павел Атман, а трансфер си договори и Калифа Гедбан.

Криштопанс се пресели во Фуксе Берлин, додека Павел Атман се врати во својата Русија и беше промовиран во нов играч на Спартак Москва.

Голманот Калифа Гедбан потпиша преддоговор со шпанскиот Адемар Леон, а понуди на маса имаат уште тројца вардарци.

Кристијан Дисингер, Сташ Скубе и Бразилецот Толедо може да го напуштат бродот кој тоне и да си бараат нови средини во следниот период.