Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ го порази Дижон пред неколку дена, во четвртфиналето на Купот на Франција.
Светите славеа со 1: 6, и иако тренерот Тухел им даде можност на голем број помлади играчи, сепак ѕвездите на парискиот клуб го имаа последниот збор.
Килијан Мбапе запиша гол и асистенција, но успеа и да направи големо промашување – веројатно промашување на кариерата.
Од една страна, тоа им се случува на најдобрите, а Мбапе е сигурно еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Сепак, против Дижон топката му помина над ногата, па успеа да промаши гол од пет до шест метри.
Секако, Мбапе погодува оваа сезона. Па досега има одиграно 28 натпревари во дресот на ПСЖ, постигнувајќи 24 голови и 15 асистенции.