Милан се пофали со одбраните на Беговиќ, но само од видео игра (ВИДЕО)

Асмир Беговиќ оваа зима пристигна во Милан на шестмесечна позајмица од Барнемут, но сè уште го чека своето деби во дресот на „Росонерите“.

Покрај Беговиќ, во Милан пристигна и Златан Ибрахимовиќ, кој веднаш се наметна како лидер на тимот и Симон Кјаер, кој игра редовно во одбрана.

Овие тројца фудбалери се приклучија на клубот во Милано во најновиот ажуриран пакет на познатата видео игра Pro Evolution Soccer и сите оние кои ќе ги изберат „Росонерите“ сега ќе можат да стават еден од нив во тимот.

Во краткото видео на социјалните медиуми, Милан се пофали дека Беговиќ, Кјаер и Ибрахимовиќ сега се додадени во тимот на огромно популарната видео игра.

Краткото видео прикажува и неколку одбрани на Беговиќ, и симулација на дебито на Ибрахимовиќ против Каљари.