Дел Пјеро: Гвардиола во Јувентус? Не чека многу жешко лето


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Јувентус Алесандро Дел Пјеро изјави дека доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на Старата дама ќе биде вистинскиот потег.

Веќе некое време се шпекулира дека Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, а особено откако клубот е суспендиран на две години на европските натпреварувања.

Гвардиола е поврзан со неколку клубови, но се чини дека е најблиску до Јувентус ако го напушти Сити. За ова зборуваше и легендарниот Дел Пјеро, кој се надева дека шпанскиот стручњак навистина ќе го преземе клубот од Торино во текот на летото.

“Гвардиола е одличен избор за секој клуб заради сè што постигна како тренер. Тој освои титули во Шпанија, Германија и Англија и сега му остана уште титулите во Италија и Франција. За него би било интересно да дојде во Италија. Ова ќе биде жешко лето за фудбалот “, рече Дел Пјеро, додавајќи.

“Ако дојде во Јувентус, тогаш клубот ќе направи голем скок. Но, сега е сè уште во Манчестер Сити и рано е да се зборува за тоа. Се надевам дека сите тие шпекулации се барем малку вистинити.”