Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер излезе во јавност со коментар за казната која ја доби Манчестер Сити од УЕФА.
Легендарниот тренер на „топчиите“ ја поздрави одлуката на УЕФА да го казни Манчестер Сити и повика да бидат казнети сите кои се огрешиле пред фудбалскиот закон.
Инаку, Венгер во еден момент изјави дека Манчестер Сити работел без да има почит кон противниците, посочувајќи дека „граѓаните“ му го купиле цел негов тим.
Од Арсенал во Манчестер Сити во минатото се преселија Адебајор, Туре, Насри, Клиши и Сања откако шеикот Мансур го купи клубот во 2008 година.
„Тие ми ги купија сите играчи. Јас верувам дека во спортот треба да се обидеме да победиме со тоа што ќе ги почитуваме правилата. Го славиме најдоброто во секој спорт. Отсекогаш сум бил за контрола кога станува збор за финансиските правила, би требало клубовите да располагаат со своите природни приходи. Сигурен сум дека би требало да дојде до еволуција на моменталните правила, а сега се такви какви се и треба да се почитуваат. Мора да бидат казнети луѓето кои не ги почитуваат правилата и се фатени додека се обидуваат да ги заобиколат напомалку или повеќе легални начини. Ако се докаже дека тоа е правено со намера, тогаш не смее да помине неказнето“ –изјави Венгер.