Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд сезонава игра фантастично. Најпрво во дресот на Салцбург, а потоа и за Борусија Дортмунд, каде што синоќа го суреди ПСЖ со два погодоци.
Пред мечот германските медиуми го прашаа фудбалерот на ПСЖ, Томас Муние дали се плаши од Халанд, а тој одговори:
„Дали се плашам? Не го ни познавам…“, порача Муние, а сега цел свет му се смее поради тоа.
Сега сигурно и Муние, но и остатокот од екипата добро го запознаа Халанд, а останува да видиме дали во реваншот ќе знаат како да се соочат со него.
Да потсетиме, Дортмунд го доби првиот осминафинален меч со 2-1 против ПСЖ.