Халанд сакал да потпише за Јунајтед, но трансферот го уништил Ед Вудворд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерлинг Халанд направил фантастичен потег со трансферот во Борусија Дортмунд зимава. Германскиот гигант го купи младиот фудбалер за само 20 милиони евра.

Пред да потпише за Борусија, голем интерес владееше за 19-годишниот фудбалер, а на крајот бирал меѓу Манчестер јунајтед и Дортмунд. Тој сакал да се пресели на „Олд Трафорд“, но не го направил тоа поради Ед Вудворд.

Вудворд одбил да соработува со агентот на младиот фудбалер, Мино Рајола и побарал да се запрат сите преговори, по што Халанд решил да потпише за Дортмунд.

Очигледно Халанд не згреши што потпиша за Дортмунд, а веќе неколку натпревари е главно лице на теренот, каде што постојано постигнува голови.

Токму синоќа успеа да го урне моќниот ПСЖ со два голови во триумфот од 2-1.